Здравствените права и пред Комитетот за економски, социјални и културни права

Посебно внимание да се обрне на можностите за неплаќање на партиципацијата на здравствените услуги, се вели во поднесокот на НРЦ до Комитетот

 

Поднесок од Национален ромски центар (НРЦ) до Комитетот за економски, социјални и културни права (CESCR) на Листата на теми за 56-тата сесија на CESCR, која се однесува на Македонија (работна група пред сесијата во период од 12-16 октомври). Документите содржат специфични информации поврзани со имплементацијата, во законите и примената, на членовите кои се однесуваат на домашната примена на правата предвидени во Пактот и максимална употреба на расположивите ресурси; правото на работа и социјална заштита; право на адекватни стандарди за живеење; право на највисок можен стандард на здравје и право на образование; земајќи ги во предвид генералните коментари на Комитетот, како и информацијата за последните измени на законите и примената во Македонија што влијае на целосната реализација на правата предвидени со Пактот со особен интерес на прашањето за начинот на кој се адресирани социјалните, економските и културните потреби и аспирации на Ромите.

Правото за највисок степен на здравствена заштита е еден од деловите опфатени во поднесокот. Во овој дел НРЦ изразува загриженост дека Македонија има висока стапка на мајчина и доенечка смртност кога станува збор за ромската популација. Комитетот може да ја праша државата да обезбеди информации и статистички податоци токму за смртноста кај доенчињата кај Ромите за период од 2006 до 2014 година. Исто така, НРЦ, во поднесокот посочува Комитетот да ја прша државата да обезбеди информации за имплементација на следните програми кои што ги таргетираат правата за репродуктивно здравје:

-Програма за активнс здравствена заштита за мајки и деца на Република Македонија за 2014 година,

-Акцискиот план за намалување на мајчината, перинаталната и доенечката смртност за 2013-2014 година,

-Стратегијата за безбедно мајчинство,

-Акциски план за стратегијата за безбедно мајчинство 2010 – 2013 година

-Стратегија за сексуални и репродуктивни права за 2013 година и нејзиниот акциски план.

Посебно внимание да се обрне на можностите за неплаќање на партиципацијата на здравствените услуги (опфатени со Акцискиот план за намалување на мајчината, перинаталната и доенечката смрност за 2013 – 2014 година и Програмата за активна здравствена заштита за мајки и деца во Република Македонија за 2014 година) за време на бременоста кај социјално загрозените групи жени – невработени, корисници на социјална помош и вработени со многу ниски месечни примања и 1,500 Ромки. Комитетот треба да ја праша државата токму за импелементацијата на оваа мерка.

 

Целосниот понесок може да го прочитате тука

 

Leave a Reply