Посета на населбата средорек споделување искуства од посети на лекар од жени,мајки и девојчиња

Џеврија од кумановската населба „Средорек“ го сподели своето искуство со посети на лекар со екипата на НРЦ. Таа е мајка на три малолетни дечиња. И додека била бремена и сега кога посетува гинеколог, постојано плаќа. Вели дека веќе е информирана дека не треба да плаќа ништо, бидејќи и претходно учествувала на обуки кои ги органиизра НРЦ.

-Имав проблеми кога бев бремена со едното детенце, морав да лежам во болница. И тогаш се плаќав, исто како и за прегледите кај матичниот гинеколог, буквално се од брис до обично ехо, а знам дека не треба да се плаќа-вели оваа млада мајка.

Не ретко се чуствувала и дискриминирана, особено при прегледи во Уред и во Кумановската болница.

-Како Ромка последна влегувам, а еднашка ми врескаше и една лекарка од уред, наводно не сум донела урина како што треба за преглед. Врескаше само по мене -додава Џеврија.

Таа апелира лекарите да ги почитуваат Ромите и да им овозможат бесплатно лекување како на сите пациенто. Екипта на НРЦ ја информираше Џеврија дека прегледите кај матичниот гинеколог, кај матичните лекари се бесплатни и оти како граѓани на државата ги уживаат сите права од здравствените услуги.

Асиба, седумнаесетгодишна девојка од Куманово вели дека редовно  оди  кај матичен лекар, но дека никогаш не посетила гинеколог. Свесна е дека веќе мора да оди на редовен преглед кај гинеколог, но додава дека и е срам.

-Досега кај матичниот ништо не плаќам, освен за инкеции во неколку наврати и кај матичниот никогаш  не сум се почуствувала  дискриминирано-рече оваа девојка.

Сепак, сподели непријатно искуство кое го доживеала кога заедно со нејзина братучедка и бебе заминале на лекар во кумановски Здравствен дом, поради висока температура на бебето.

-Иако, бебето имаше висока темпертура 40 степени и мајката и јас стравувавме за неговото здравје,  лекарката не покажа чувство, ниту одговорност и не испрати дома да му дадеме сируп. Тогаш ние реагиравме, па регираше таа и не избрка обезбедувањето. И сега и тогаш знам дека не избркаа бидејќи сме Роми, се случувало и претходно и сега -вели Асиба.

Таа вели дека неретко била сведок на ситуации кога лекарите и останатиот медицински персонал нељубезно се однесуваат кон пациентите од ромска етничка заедница.

36 годишната Медихан од Средорек вели дека со години има атсма. Од нејзините скромни 3500 денари социјална парична помош едвај врзува крај со крај, а дополнителен товар и се трошоците за лекарства. Таа секој месец мака мачи да најде на позитивна листа спреј, вентолин, инхалатори нешто да и олесне.

-Досега не сум нашла лекови на рецепт. Секој први е исто, трчам од аптека до аптека, брама лекови на рецепт, бидејќи многу се скапи на приватно ама никогаш нема. Навистина финансиски е тешко-вели оваа жена.

Таа претходниот месец плаќала и за ќерката за посета на гинеколог. Поради инфекции плаќала лекови приватно. Еден лек е 700 денари, преспако за нејзиниот семеен буџет. Медихан бара поддршка од институциите, вели дека корисниците на социјална парична помош треба да бидат ослободени од плаќање лекови.

-Се обидов и да ги вратам дел од средствата преку Фондот, ама засега нема никаква повратна информација-вели оваа жителка на Средорек.

18 годишната Амсида, мајка на две деца вели дека за време на бременоста плаќала при редовните прегледи кај гинекологот. Ја прашавме дали знае дека не треба да се плаќа, вели дека прв пат слуша дека прегледите се бесплатни. Таа додава дека сите пациентки плаќале кај нејзиниот матичен гинеколог.

-Досега не сум имала некакви проблеми од тип на дискриминација. Кога се пораѓав со двете деца лекарите ми велеа дека сум послужна пациентка која следи инструкции. Мислам дека кон секого се однесуваат, согласно неговото однесување-вели оваа млада мајка.