Меморандум за соработка помеѓу ЗНРЦ и општа болница Куманово

 

Меморандум за соработка за реализација на проектите „Унапредување на достапноста до здравствена заштита за Ромки“ и „Менување на наративи „Моето здравје е мое право“, потпишаа директорите на Националниот Ромски Центар, Ашмет Елезовски и на кумановската болница, д-р Снежана Захариева.

Двата проекти од областа на здравството ќе придонесат за јакнење на правата на пациентите од ромска етничка заеница, посебно на жените Ромки и младите преку фокус групи и состаноци со локалната заедница.

На национално ниво, ќе биде извршен мониторинг и застапување на пристапот до здравствените права.

-Дискриминација, нееднаков пристап до здравствени услуги, постоечки стереотипи базирани на непознавање на ромската култура и традиција се горчливи проблеми со кои се соочуваат жените и девојките Ромки, a за разбивање на овие стереотипи и за подобрување на соработката и дијалогот помеѓу здравствените работници и младите Роми на возраст од 17 – 23 години во рамките на проектот Менување на наративи   “ Моето здравје е мое право“ќе ги вклучиме младите девојчиња и момчиња  преку користење на креативни методи за пренесување и претставување на пораки ќе се обидеме да влијаеме во менување на односот кон нивните здравствени права и обврски- информираат од НРЦ.

Здравствените работници од болницата ќе придонесат за јакнење на свеста кај популацијата за правата, лекари, гинеколози и медицински сестри ќе учествуваат на интерактивните работилници и ќе им помогнат на ранлиците категории на граѓани да ги запознаат со правата кои ги имаат како пациенти.

Меморандумот ќе важи до јуни 2020 година.