Легализација на домувањето на Ромите

Проектот треба да обезбеди финансиска, административна и техничка помош за легализација на домови во кои живее ромско население, а ќе трае од 2012 до 2015 година

Потпишан е договорот за проектот за легализација на домувањето на Ромите. Фондацијата Отворено општество Македонија, здружението на граѓани Национален ромски центар од Куманово и здружението за хумано домување Хабитат-Македонија ставија потпис на 18 јануари годинава. Проектот треба да обезбеди финансиска, административна и техничка помош за легализација на домови во кои живее ромско население, а ќе трае од 2012 до 2015 година. Вкупниот буџет за проектот изнесува 905.208 американски долари. Претседателот на НРЦ, Ашмет Елезовски изрази надеж дека преку проектот ќе успее да ги информира Ромите за начинот на легализација домовите, а потоа и целосно да им помогне во процесот на легализација. За таа цел, Националниот Ромски Центар веќе има отворено Ресурсен центар во Куманово, каде што сите заинтересирани Роми може да добијат техничка правна помош.

Домувањето е еден од четирите важни столба во Декадата на вклученост на Ромите 2005-2015 година.

 

[galleryview id=4]

Leave a Reply