Кампањата за здравство на собраниската говорница

Претседателот на собраниската комисија за здравство Менде Диневски на четвртото продолжение на 77 парламентарна седница јавно ги посочи кампањата и главните пораки од неа од проектот „Преку засилен глас до подобри здравствени услугиˮ

 

Кампањата и главните пораки од неа од проектот „Преку засилен глас до подобри здравствени услугиˮ на Националниот ромски центар (НРЦ) се најде пред пратениците во Собранието на Република Македонија. Претседателот на собраниската комисија за здравство Менде Диневски на четвртото продолжение на 77 парламентарна седница имаше обраќање пред неговите колеги за состојбите со здравственото осигурување во земјата.

Во неговиот говор, меѓу другото, Диневски рече:

„Сакам уште една работа да потенцирам кога сме тука. Има една анализа направена за целна група приматели на социјална помош која се однесува на периодот од 15 до 49 години во репродуктивниот период. Се работи за 32.222 жени во Република Македонија, кој согласно податоците од Фондот за здравствено осигурување и Министерство за труд и социјална политика во 2011 година во Република Македонија има живородени деца, бројот изнесува 27.770. Проценката е дека од 32.222 жени во период од 15 до 49 години, бројот на жени приматели на социјална помош, како директни или индиректни, односно како придружни лица изнесува 1400 на годишно ниво. Согласно протоколите на Министерството за здравство тие треба да имаат 10 антенатални прегледиˮ и додаде:

„Финансиската сума која треба да се издвои за да одат на гинеколог, тие жени, приматели на социјална помош, изнесува 2.240 денари, или едно месечно примање на социјална помош. Целата сума изнесува 3 милиони денари, односно 50 илјади евра. Ако сакате во Македонија да им помогнете на жените, еве на оваа ранлива категорија, тогаш дајте за овие финансиски средства да не плаќаат. Овие финансиски средства нека одат на трошок на Министерството за здравство и тогаш ќе се обидете да не убедите дека тоа што го правите, го правите во интерес на граѓаните, а не обратноˮ.

Обраќањето на претседателот на Комисијата за здравство во Собранието на Република Македонија може да го најдете во стенограмските белешки од четвртото продолжение на 77 седница на следниот линк: http://www.sobranie.mk/?ItemID=8378F14748FC8443A90B92D33A143603

Leave a Reply