Прес по повод Светскиот ден на здравјето

Прес по повод Светскиот ден на здравјето

07.04.2020г.

Денеска кога се соочуваме сите со Светска пандемија, која буди неизвесност и страв,

7 ми април Светскиот ден на здравјето апелираме до сите на здрав разум и солидарност кај сите нас. Токму во еден ваков момент собираме сила за да им кажеме БРАВО на сите  здравствени работници, но и да им дадеме почит на сите за целиот свој труд во овој момент.  Светската здравствена организација 2020 година ја посвети на медицинските сестри и акушерки, исто така и 7ми април, Светскиот ден на здравјето.

Доказ дека со причина е дадена оваа посвета се и резултатите добиени од Картата за проценка на заедницата за антенатални и постпартални услуги,  истражување подготвено од Здружение Национален Ромски Центар.  Ромките од Куманово, во оваа истражување дадоа своја оценка за  пристапот до здравствени услуги од  антенатална и постпартална здравствена заштита. Во хиерархијата на даватели на здравствени услуги  својата најдобра оценка им ја дадоа на патронажните сестри. Тие добиле „зелено светло“ од жените за својата работа. Имено и покрај така наречените афирмативни мерки за бесплатни антенатални прегледи во Програмата за активна здравствена заштита на мајки и деца,  истите редовно се прекршуваат од страна на матичните гинеколози. Бремените жени плаќаат кај своите матични гинеколози, а државата никако не успеа досега да ја елиминира оваа неправда кон бремените жени.

Светската здравствена организација повикува на фактот дека доколку се инвестира повеќе во зајакнување на вештините и знаењата на акушерките кои се грижат за мајките и новороденчињата и помагаат во планирање на семејство, можат за 80 % да ја намалат смртноста на мајките и новороденчињата. Факт е дека во 21 век смртноста на родилките и новороденчињата е сеуште тренд кој постои во многу земји.

Република Северна Македонија  е една од земјите која што во регионот до пред две години имаше највисока матернална и доеничка смртност, за кои и денеска сеуште се прават напори за да се избори со истите. Неодамна родилка почина поради немање на финансиски средства за да оди на антенатални прегледи. Оваа е реалност со кој се соочуваат сите жени кои доаѓаат од економски загрозени семејства како и руралните средини каде што гинеколозите се отсутни, поради недостаток на кадар. Ако немаме доволно гинеколози тогаш, нека се обучат акушерки. Ако имаме бесплатни антенатални прегледи за сите бремени жени, повикуваме навистина да бидат бесплатни.

На Светскиот ден на здравјето посветен на сестрите и акушерките во ера на недостаток на здравствен кадар апелираме да се зајакнат со знаење, вештини и професионални услови како и да бидат наградени соодветно на нивниот труд. Правото на здравствена заштита е право на сите без разлика на години, етничка припадност, пол или економска ситуација. Секоја смрт на мајка и новороденче е загуба на целото општество.

Унапредување на здравјето на жените Ромки, е проект кој има за цел да го унапреди здравјето на Ромките во антенатален и постпартален период како и застапување за еднакви здравствени права.

Себихана Скендеровска

Координатор на здравственaта програма

Национален Ромски Центар

Електронска пошта: sebiskenderovska@gmail.com

info@nationalromacentrum.org